Проф. Д-р Јагода Стојковиќ од 01.07.1988 до 10.06.2025 година била редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, во редовен работен однос на Клиниката за пулмологија и алергологија, до 10.06.2025.
Закажете термин на:
+389 70 36 35 00 | +389 2 329 89 99
Родена е 1958 година во с. Леуново-Гостивар.
Со специјализацијата по интерна медицина започнала на 01.09.1990 година, а специјалистичкиот сипит го положила на 08.11.1994 година.
Супспецијалистички испит положила на 28.09.2000 година.
Во текот на работата на Клиниката за пулмологија и алергологија учествувала на повеќе меѓународни и национални конгреси како автор и коавтор на повеќе од 70 трудови главно од областа на пулмологијата и алергологијата, од кои над 26 се печатени во целост во домашни и странски списанија.
Член е на Македонското респираторно здружение, како и на Европското респираторни здружение.
На 12.01.2006 година го одбранила јавниот труд на ниво на магистерски труд со наслов “Карактеристики на кортикостероидниот одговор кај пациентите со стабилна форма на ХОББ”.
Во 2007 година ја пријавила и и била прифатена темата за изработка на докторска дисертација “Влијанието на терапијата на квалитетот на животот кај пациентите со хронична опструктивна белодробна болест”. Докторската дисертација ја одбранила и се здобила со титулата доктор на медицински науки на 12.01.2010 година.
Била раководител на Одделението за интерстицијални фибрози и грануломатози на Клиниката за пулмологија и алергологија, а исто така активно учествува во работата на Одделот за гасни анализи на Клиниката.
Од 01.12.2010 година назначена е за ментор (консултант) во Центарот за астма и ХОББ во Струмица, во склоп на Националниот проект на центри за астма и ХОББ, во Република Македонија. Во рамките на центарот има одржано повеќе предавања за лекари и пациенти.
Учествувала на ERNE (European Respiratory Network of Excellence) во Амстердам од 20-21 октомври 2012 година.
Учествувала како главен истаржувач во неколку интернационални мултицентрични студии.
Таа била дел од проектот на Телемедицина, и проектот за едукации на матични лекари на Министерството за здравство на Република Македонија до 2017 година.
Проф.др.Јагода Стојковиќ го подготвила протоколот за кислородна терапија на пациентите со ХОББ и била претседател на Комисијата за доделување на концентратори за кислородна терапија на Клиниката за пулмологија и алергологија до 2017 година.
Таа во 2016 година на Клиниката за пулмологија и алергологија ја вовела методата за одредување на TLCO (single breath).
Во 2017/2018 година го завршила курсот: ERS Spirometry Driving Licence Part I и II, и се стекнала со лиценца за спирометрија во рамките на Европското респираторно задружение.
Вашето здравје е наша основна мисија. Персонализирана и сеопфатна грижа. Доверливост. Вистински човечки однос.
Понеделник: 08:00 – 16:00
Вторник: 11:00 – 19:00
Среда: 11:00 – 19:00
Четврток: 08:00 – 16:00
Петок: 08:00 – 16:00
Copyright 2025 © Др. Врчаковска. Сите права задржани.