Кардиолог

Д-р Маја Врчаковска

Д-р Маја Врчаковска е родена на 01.05.1980 во Скопје. Од 2025 година ја основа приватната здравствена установа, Специјалистичка ординација по интерна медицина и кардиологија “ПЗУ Д-р Врчаковска-Скопје”.

Закажете термин на:
+389 70 36 35 00 | +389 2 329 89 99

РАБОТНО ИСКУСТВО

  • 07.2012-10.2025 година редовно работи како специјалист интернист, супспецијалист кардиолог во “ПЗУ СРЦЕ” во Скопје.
  • 2007-2011 година редовно вработена во Клиничка болница “ЖАН МИТРЕВ”-Скопје
  • 2005-2006 год волонтер во тогашната ВОЕНА БОЛНИЦА-Скопје
  • 01.1998-05.1999 е активен предавач во средни училишта во Македонија за Промоција на сексуално и репродуктивно здравје по PHARE (Programme of Community aid to the countries of Central and Eastern Europe).

ОБРАЗОВАНИЕ:

  • 1999 година во Средно медицинско училиште “Д-р Панче Караѓозов”, дипломирана медицинска сестра
  • 2005 Тракиски Универзитет, Стара Загора, Р. Бугарија, дипломиран доктор на медицина, степен на едукација-мастер.
  • 2015 год. Медицински Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, завршува специјализација по интерна медицина
  • 2020 год. Медицински Универзитет “Св. Кирил и Методиј”-Скопје, завршува супспецијализација по кардиологија
  • 2025 год. Постдипломски студии по спортска кардиологија.

ЛИЧНИ ВЕШТИНИ И КОМПЕТЕНЦИИ:

  • Активна промоција и публикација на патентирана иmплантабилна вештачка аортна валвула (Real aortic stentless valve-Dr. Zan Mitrev) на Светски Конгрес ISMICS, 2007th, Анталија, Турција.
  • Автор на научна публикација – Обратно левокоморно ремоделирање после Реконструкција на митрална валвула и аортокоронарно премостување каj исхемична митрална инсуфициенција.
  • Коавтор на научна  публикација за торакоабдоминална аневризма, следење по оперативен зафат.
  • Коавтор на научна публикација за елонгација на каротидни артерии-кинкинг, коилинг и тортуозитет.
  • Коавтор на научна публикација за тромбендартеректомија на каротидни артерии.
  • Коавтор на научна публикација за постоперативно следење кај постинфарктен ВСД.
  • Пет годишно работно искуство во единица за интензивна, полуинтензивна нега и Ургентен центар во СБХ “Филип Втори”.
  • Работно искуство во кардиоанестезологија, самостојно воведување и одржување во анестезија во областа на кардиоваскуларна, абдоминална и ортопедска  хириргија, втор асистент во областа на кардиохируршки зафати, самостојно извршување на мали оперативни зафати и длабоки преврски.
  • Самостојно извршување на сите инвазивни процедури во  областа на кардиоанестезиологија, кардиологија и интерна медицина (флебектомија, ендотрахеална интубација, катетеризација на централен венски катетер, артериска катетеризација, терапевтска и дијагностичка плеврална пункција, торакална дренажа, парацентеза, пласирање на Sengstaken-Blakemore езофагеален катетер, уринарен катетер, цистостомија).
  • Трансторакална ехокардиографија, доплер на периферни крвни садови, ултразвук на абдомен, ултразвук на тироидна жлезда.
  • Учество во 3-та клиничка фаза за нов Х-3 рецепторен антагонист во третман на опструктивна ноќна апнеа
  • Истражувач во Фаза 3, двојно слепа, рандомизирана паралелна студија за споредба на ефектот и безбедноста кај високоризични пациенти за кардиоваскуларни заболувања со мешана дислипдемија со 12 месечна апликација на фиксно дозна комбинација на  Fenofibrate 160mg и  Pravastatin 40mg (PRAVAFENIX) наспроти Atorvastatin 20 mg.
  • Активен учесник во тековни постмаркетингшки студии.
  • Сертификат за основно одржување во живот (BLS)
  • Европски сертификат за напреднато одржување во живот  (ALS)
  • Сертификат за базична ехокардиографија
  • Сертификат за  Tripple S Learning  (sales, service and success)
  • Сертификат за активно учество на Интернационално Здружение за Минимално Инвазивна Хирургија ISMICS ( International Society for Minimally Invasive Cardiothoracic Surgery), Турција, 2007 г.
  • Активен учесник на Вториот Конгрес за Пнеумофтизиологија на РМ, 2011- Картагенер синдром, приказ на случај
  • Учество на 8-ми Основен Курс за Клиничка нутриција – ACCN, Белград, април 2012
  • Учество на 8-ми Напреднат Курс за Метаболна грижа – ESPEN, октомври 2012, Дубровник
  • Активно учество на Интернационалниот Конгрес за Пулмологија, 2013 г., Белодробна
  • Тромбоемболија после биопсија на простата, приказ на случај.
  • Презентација на Еректилна дисфункција и кардиоваскуларен ризик (васкулогена и ендокрина етиологија), 2013г., Универзитетска Клиника за Кардиологија
  • Презентација на Акутен коронарен синдром како прва манифестација на Вистинска полицитемија рубра-приказ на случај, 2015г., Универзитетска Клиника за кардиологија
  • Активен предавач на повеќе настани на национално ниво во периодот од 2013-2025 година (семинари, конгреси, симпозиуми, научни работилници)
  • Член на Европско кардиолошко здружение
  • Член на Македонско кардиолошко здружение
  • Член на Европско здрушение за ентерална и парентерална исхрана (ESPEN)
  • Член на Македонско здружение на интернисти
  • Активен предавач на многу македонски и инернационални конгреси, симпозиуми.
  • Течно зборува англиски и бугарски јазик, добро познавање на грчки и италијаннски јазик.

ХОБИ:

  • Љубител е на филмската и музичката уметност, модни креации.
  • Промотор на здрава исхрана, физичка активност, активно вози велосипед, вежба фитнес.