Александра Пренџова е дипломиран инженер технолог – нутриционист со десетина години професионално искуство во областа на исхраната и здравјето.
Закажете термин на:
+389 70 36 35 00 | +389 2 329 89 99
Своето професионално искуство го започнува во 2014 година во приватниот здравствен сектор, каде континуирано повеќе од девет години обезбедува индивидуални нутриционистички консултации со пациенти. Нејзината работа е насочена кон персонализиран пристап и поддршка на клиентите во справување со различни здравствени состојби и цели како: управување со телесна тежина- превенција на дебелина, веганска и вегетаријанска исхрана, исхрана во бременост, исхрана за спортисти, детска нутриција, нутриција за дијабетес, состојба на предијабетес, wellness coaching, исхрана при гастритис, нервозни црева, кандида, ПЦОС и друго.
Во декември 2024 година ги комплетира магистерските студии по Квалитет и безбедност на храна при УКИМ, со што дополнително ја зацврстува својата експертиза во областа на нутрицијата и јавното здравје.
Покрај практичната работа со индивидуални клиенти, активно се вклучува и во проекти со пошироко општествено значење. Кон крајот на 2023 година започнува своите услуги како нутриционист да ги нуди на американскиот пазар, каде работи на проекти како е-книги, персонализирани планови на исхрана, разни рецензии, блог текстови за здрава исхрана, развој на рецепти и друго. Од 2024 година соработува како консултант со УНИЦЕФ за проект насочен кон исхраната кај децата во ичилишна возраст. Во корпоративниот сектор има соработувано со компании како А1 Македонија (корпоративна wellness едукација), ФАМЕС Институт Скопје, како и Еден поголем проект со Бимилк, каде со производот „Баланс Плус“ развива план на исхрана за подобување на дигестивното здравје -преку програмата 28 дена Баланс со нутриционист Александра Пренџова.
Александра е автор и коавтор на повеќе научни трудови и стручни статии, особено во областа на хроно-нутрицијата, здравствената превенција преку исхрана и нутритивните интервенции кај хронични заболувања. Активно учествува на меѓународни симпозиуми и конгреси посветени на нутрицијата, јавно здравствените политики и wellness концептот.
Во октомври 2025 година го насочува целосното внимание кон работата со клиенти во Македонија, со цел преку индивидуален пристап да ја унапреди културата на здраво живеење и да помогне секој поединец да постигне подобро здравје и квалитет на живот. Поддржувач е на концептот на свесно јадење и се стреми да создаде долготрајни здрави навики преку едукација, практични совети и персонализирани програми.
Вашето здравје е наша основна мисија. Персонализирана и сеопфатна грижа. Доверливост. Вистински човечки однос.
Понеделник: 08:00 – 16:00
Вторник: 11:00 – 19:00
Среда: 11:00 – 19:00
Четврток: 08:00 – 16:00
Петок: 08:00 – 16:00
Copyright 2025 © Др. Врчаковска. Сите права задржани.